Викендов на акумулацијата Мавровица се одржа 3-то, последно коло од Државното првенство од крапската лига, воедно и квалификационо за учество на Светско првенство. Екипата на „Св. Апостол Петар“ во состав: Марио Петковски, Јован Јолакоски и Александар Илиоски, го освои второто место, со што севкупно обезбеди пласман на Светското првенство што ќе се одржи во Хрватска.
Екипата на „Св. Апостол Петар“ во третото коло улови 303,54 килограми крап, а го улови и најголемиот крап во првенството од 21,43 килограми.
Во третото коло триумфираше КТ „Гони“ од Битола со улов од 323,2 кг крап.
Охридските риболовци упатуваат благодарност до Општина Охрид, Адмирал казина и Хотел Су – Ликвид за поддршката.
Г.М.