На свеченост што се одржа во факултетот за Земјоделие во Скопје, беа прогласени најдобрите екипи во риболов на крап Македонија за 2023 година, на кој во главна улога беа спортските риболовци од ЗРР СК „Св. Апостол Петар“ – Охрид, кои освоија најмногу признанија.

Прво место во дисциплината „Крап“, воедно и државни прваци со најголема уловена риба освоија членовите и натпреварувачи на ЗРР СК „Св. Апостол Петар“ – Охрид, Кирил Марин и Јован Јолакоски, додека Марио Петкоски, Александар Илоски Стефан Спирковски во истата дисциплина го освоија 3-то место.

И поединечно до У20, ЗРР СК „Св. Апостол Петар“ – Охрид освои признание во дисциплината „Пливка“.

Г.М.