Екипата на „Свети Апостол Петар“ од Охрид како четвртопласирана заврши по првото коло од Првата Македонска лига во дисциплината лов на риба со јадица на пливка, кое викендов се одржа на езерото Треска во општина Сарај.
Во лигата на прво место се наоѓа екипата на Вардар од Скопје на второ екипата на Неготино од Неготино а на третото место по првото коло е екипата на Бабуна од Велес. Во поединечна конкуренција најдобро пласиран од натпреварувачите на „Св. Апостол Петар“ е Ангеле Галиот кој се наоѓа на 6 место со уловени 10,5 килограми риба.
Во ова коло се срушени сите досегашни рекорди во Република Македонија во дисциплината лов на риба со јадица на пливка. За три часа натпреварувачот на “Мак Дам“ од Куманово, Марјан Ѓорѓиевски улови 29 килограми и 40 грама.
Поединечно:
1.Марјан Ѓорѓиевски Мак Дам од Куманово -29,040 кг.
2.Благоја Цветкоски Вардар од Скопје- 21,430 кг.
3.Иван Илиески Мамец од Прилеп – 7.515 кг.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com