Три екипи на спортско-риболовниот клуб „Свети Апостол Петар“ од Охрид обезбедија место во репрезентацијата на Македонија која во септември ќе земе учество на Светското првенство што ќе се одржи во Србија.
Изминатиот викенд на акумулацијата Гуње во Крушево се одржа третото, последно коло од натпреварите во Првата лига во лов на крап со јадица за 2007 година, на кое рибарите од СРД „Св Апостол Петар“ зедоа учество со 8 натпреварувачи поделени во 4 екипи.
Охридските рибари ги освоија второто ,третото и четвртото место и со три екипи се пласираа во репрезентацијата на Македонија кој ќе земе учество на светското првенство.
М.Постоловски
Г. Момироски