Убедлива победа на натпреварувачите  од спортско риболовниот клуб „Свети Апостол Петар“ од Охрид  во реваншот на првиот двомеч натпревар кој се  одржа на каналот Студенчица во Охрид.

Натпреварувачите на СРД „Црна Река “ од Битола се совладани и во екипна и во поединачна конкуренција во дисциплината  „лов на риба со јадица на пливка“.


Првото место во поединечна конкуренција го освои Славиша Митиќ од Охрид , второто Крстевски Душко исто така од Охрид, а третото место му  припадна на  Топалов Сашо натпреварувач на „Црна Река“ од Битола .

На двомечот зеде учество и една припадничка на понежниот пол, Весна Галиот натпреварувачка на СРК Св. Апостол Петар  која за 10 грама односно само  за едно рипче неуспеа да го освои третото место во силната машка конкуренција.

СРК Св.Апостол Петар  оваа година ќе организира триесет двомеч натпревари, во кои ќе земат учество сите екипи од Република Македонија.  Во тек се подготовки за организирање на двомеч натпревари и во другите категории како  пионери/ки младинци/ки и сениорки.

Единствено на Охридско Езеро е можно  во зимскиот период од сите води во  Македонија а и пошироко да се одржуваат натпревари во спортски риболов.

ohridnews