На езерото Аквариум  во Скопје изминатиот викенд се одржа второто коло од првата крапска лига на Македонија . Во натпреварот кој траеше непрекинати  72 часа во , спортско риболовниот клуб Свети Апостол Петар од Охрид во првата лига  се натпреварува со четири екипи (дуа).

Третата екипа на Св.Апостол Петар “4 АСА“ го освои третото место.Четвртото место го освои првата екипа на СРК Св Апостол Петар, а “Повер крап“ се најде на  петото место,  додека дуото Свети Апостол Петар 2“ се пласира на седмото место.  Во вкупниот пласман води Металург од Велес а од Охридските екипи најдобро е пласирана првата екипа на Св.Апостол Петар која се наоѓа на трето место.
 
По две кола 4 екипи имаат исти број на бодови .Последното коло ќе одлучи кои екипи ќе се пласираат во репрезентацијата на Македонија и ќе одат на светското првенство што ќе се одржи крајот на  Септември во Србија.

Според натпреварувачите кои измрзнаа во шатори, причина за слабиот улов се нискиве температури и дождот кој непрестано паѓаше  три дена. За три дена вкупно се уловени  355 килограми риби.

    Коле Ѓорѓиески
    Претседател на натпреварувачка комисија на
                                                СРК Св Апостол Петар