Охридската рап група „BC Generacija“ деновиве го промовираше својот најнов сингл „BC Generо“ за кој имаат изработено и видео запис.
Членовите на групата информираат дека овој сингл, ќе биде најава за албумот кој треба да излезе во текот на оваа година.
Аудио продукцијата на песната е на M.W.Production од Охрид, а видеото го има изработено Zati Production. Деловите од текстот се авторско дело на самите артисти, кои исто така се појавуваат и во спотот. Видео записот е снимен на две локации во Охрид и во Струга.
OhridNews