Поранешните ракометарки на охридскиот клуб „Отекс“ во пријателски натпревар ги одмерија силите со ракометарките од Моби Дик.


Традиционално екс ракометарките секоја недела во 18 часот играат меѓу себе, а со дуелот против „китовите“ тие ја заокружија 2014 година.


– Секогаш во недела одвојуваме време за да одиграме натпревар меѓу нас, а еве сега имавме можност да се сретнеме и со нашата ракометна иднина. На сите нас ни е многу мило што остана другарството покрај годините поминати од нашето активно играње – коментираат ветеранките.


Чест и задоволство мечот со ветеранките преставуваше за пионерките од ракометниот клуб Моби Дик кои треба да продолжат по стапките на своите претходници.


И во следната 2015 година охридските ракометарки ќе продолжат со рекреативните натпревари и во секој меч ќе го оживуваат спомените.

Мх.П.