Охридските ракометни пионери ја продолжија победничка серија во Ресен победувајќи го тимот на Преспа 2015 со убедливи 33-18 (18-8) во 13-та рунда од првенството.
Избраниците на Наум Бабачев добрата атмосфера во екипата ја преточија на теренот и со многу леснотија со гостинскиот предизвик во Преспа.
Бодовите ракометните надежи на Охрид ги осигураа во првиот дел кој го добија со десет погодоци (18-8). Во второто полувреме рокадите во тимот внесоа свежа крв и ја зголеми разликата на семафорот за конечни 33-18.
Најдобар стрелец со шест голови беше Костов, Селман и Димитрески постигнаа по пет, четири пати успешно реализираа Иваноски и Најданоски, а по три пати во листата на стрелци се запишаа Андоновски и Наумоски.
Со овој триумф младите „гладијатори“ се уште се осамени на врвот. Во следната 14-та рунда на домашен терен ќе го пречекаат составот на Струга.
OhridNews