Охридските ракометни надежи со триумф ја започнаа втората полусезона во Младинската лига. „Гладијаторите“ до осмата победа во исто толку одиграни натпревари стигнаа на гостувањето во Радовиш совладувајќи ја истоимената екипа со 38-24 (18-11).


Мартин Ивановски во акција на тест средбата со Еурофарм Работник.

Целиот натпревар помина во знакот на охридските ракометари кои цврсто чекорат кон првата позиција на табелата и учество на завршницата. Најпрецизни во составот на Охрид беа Мартин Ивановски и Наум Костов кои постигнаа по девет голови, а по пет реализираа Даниел Андоноски и Михаил Иваноски.

Во втората рунда од пролетната полусезона младинците на РК Охрид на домашен терен ќе го пречекаат тимот на Вардар.

OhridNews