Охридските ракометни надежи со победа над Металург 26-21 ја завршија сезона во младинската Супер лига.
Со резултатите остварени сезонава младинците на ракометниот клуб Охрид покажаа дека ракометот има светла иднина во градот.
– По преземањето на палката во екипата наметнав еден борбен менталитет онаков каков што има и првиот тим на Охрид. Дечињата од ден во ден имаа се поголем напредок и за неколку години ќе ги наследат своите идоли во сениорскиот состав – рече тренер на младинците Бабачев.
На дуелот со Металург дури четири ракометари постигнаа по пет погодоци Димески, Велјаноски, Наумоски и Џамтоски додека Довлев реализираше четири.
Мх.П.