Охридските ракометни надежи го освоија првото место на меморијалниот турнир во Ресен во чест на „Зоран Стојаноски“.
Во мечот за златниот медал пионерите на ракометниот клуб Охрид го совладаа тимот на Прилеп со 34-21.
Претходно, во 1/2 финалето избраниците на Наум Бабачев со 29-14 го елиминираа домаќинот на турнирот Преспа.
Со победата на меморијалот, ракометарите од младинскиот погон во Охрид го одбранија тронот на кој се искачија минатата година.
OhridNews