Од овој викенд спортската понуда во Охрид ќе биде побогата за мечевите на охридските ракометни надежи во машка и женска конкуренција во младинските категории.
В недела во 13 часот први на теренот во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе истрчаат младинците на РК Охрид кои силите ќе ги одмерат со врсниците од Ракометниот клуб Радовиш, додека во 15 часот и 30 минути премиера пред охридската публика ќе има Женскиот ракометен клуб Лихнид. Прв ривал на „китовите“ ќе им биде ЖРК Кичево.
Викендов сениорскиот состав на РК Охрид гостува во Радовиш, а гостински предизвици имаат Градскиот фудбалски клуб Охрид и Кошаркарскиот клуб АВ Охрид кои гостуваат во Новаци односно Гевгелија.
OhridNews