Младинците од Ракоментиот клуб Охрид го задржаа максималниот ефект по четири одиграни мечеви во лигата победувајќи на гостувањето кај Металург со 37-25, полувреме 19-8.
Победата на „гладијаторите“ не беше доведена ниту во еден момент под знак прашалник, откако доминираа во текот на целиот натпревар. Двоцифрената предноста на семафорот на полувремето охриѓани ја задржаа до крај за убедлива победа.
Со триумфот над Металург охридските ракометари заокружија добар циклус. Пред две рунди на гости во Скопје го совладаа составот на Вардар со минимални 31-30 и школата на Охрид се наметнува како една од најдобрите во нашата земја.
Во петтата рунда ракометарите на Охрид на домашен терен ќе го пречекаат Пелистер.
OhridNews