Во одлична атмосфера во спортската сала „Тодор Алексндров“ охридските ракометари под палката на Горан Андоновски ги започнаа подготовките за продолжението на сезоната.


– Амбициите и целта останува иста и не се промени. Се додека постојат шанси за пласман на местата кои водат во плејофот ние ќе се бориме – рече охридскиот стратег.


Првата фаза ракометарите ќе ја одработат в сала, а потоа ќе се преселат и тартанот на „Атина Бојаџи“ за што подобра подготовка.

Охридските сини првата полусезона во Супер лигата ја завршија на седмата позиција со четири бодови заостанување од последниот тим, кој го фаќа возот за плејофот.

Мх.П.