На 15 септември пред своите гледачи охридските ракометари против Преспа од Ресен ќе ја започнат авантурата во ракометната Супер лига.
По две години минати во Првата лига охридскиот клуб помогнат од Општината Охрид и Бизнис заедницата од градот ги обезбеди потребните средства за настап во елитниот ракометен крем.
Од охридскиот клуб ги повикуваат сите навивачи и љубители на ракометот да дојдат во што поголем број и да ја оправдаат довербата од Ракометната федерација на Македонија.
Распоред на натпреварите на Охрид 2011 :
1. коло Охрид 2011 – Преспа
2. коло Пелистер 08 – Охрид 2011
3. коло Охрид 2011 – Овче Поле
4. коло Тинекс Пролет – Охрид 2011
5. коло Охрид 2011 – Куманово
6. коло Охрид 2011 – Текстилец
7. коло Радовиш – Охрид 2011
8. коло Охрид 2011 – Зомимак
9. коло Металург Ј. – Охрид 2011
Мх.П.