Четвртиот пораз во серија ги доближи до дното охридските „гладијатори“ во елитното ракометно друштво. По десет одиграни натпревари охриѓани имаат десет бодови, а разликата меѓу нив и последнопласираниот Текстилец е шест бодови.


Зад ракометарите на Охрид се наоѓаат Куманово со девет бодови, но имаат натпревар повеќе и Овче Поле со седум поени на табелата, а „фенерот“ го „чува“ Текстилец со четири бодови.

Во 12-та рунда избраниците на стратегот Горан Андоновски на домашен терен ќе се сретнат со Пелистер, кој со 21 бод се наоѓа на третата позиција во Супер лигата.

Табела : Зомимак 33 бодови, Пролет 24, Пелистер 21, Металург Јуниор 16, Радовиш 15, Овче Поле 11, Охрид 10, Куманово 9, Преспа 7, Текстилец 4.

Мх.П.