Водечката екипа на табелата Зомимак со 24-15 (13-6) го совлада охридскиот ракометен состав во претпоследната рунда од регуларниот дел во Супер лигата.

Поразот од Зомимак во 17-та рунда за „сините“ е деветти на гостински терен, а вкупно 11-ти сезонава. По овој меч охридските ракометари остануваат со 15-те бодови од кои 14 ги освоија на домашен терен.

Ракометарите на Охрид во последната рунда од регуларниот дел во Супер лигата во спортската арена „Билјанини Извори“ ќе го пречекаат тимот на Металург Јуниор.

Мх.П.