Охридските ракометари претрпеа пораз на гостувањето во Скопје кај екипата на Тинекс Пролет 25-15 што преставува втор во досегашната сезона.
Охриѓани на седум минути од крајот на мечот прокоцкале можност да стигнат до три погодоци негатива, по што следувало серија на домаќините и убедлив триумф од десет голови.
Следните два натпревари во Супер лигата избраниците на стратегот Горан Андоновски ги играат на домашен терен, а во нив немаат премногу опции освен да прокнижат шест бодови.
Мх.П.