Ракометарите на Охрид 2011 претрпеа пораз на гостувањето во Битола од Пелистер 28-18 во втората рунда од ракометната Супер лига.
Охридските ракометари по два одиграни натпревари во елитното ракометно друштво имаат два бодови благодарение на премиерната победа против Преспа на домашен терен.
Во третата рунда од шампионатот избраниците на тренерот Горан Андоновски на домашен терен ќе го пречекаат тимот на Овче Поле.
Мх.П.