Екипата на Охрид со триумф против Струга (27-20) во „Езерското“ дерби ги финишираше мечевите и подготовките за новата сезона во Супер лигата. „Гладијаторите“ повеќе од еден месец тренираа напорно и по два пати на ден, а низ девет контролни мечеви ја брусеа формата.

Генерално сум задоволен од подготовките. Во првата фаза работевме на физички план, а потоа додававме сегменти како што е тактика и играње со топката. Одигравме девет контролни натпревари во кои покажавме дека можеме да се носиме со поквалитетни екипи, а научивме дека на секој меч треба да пристапуваме решително и без калкулации. – изјави тренерот на Охрид, Раде Стојановиќ.

Тој додаде дека новиот ритам на натпревари „петок – понеделник“ нема да бидем проблем или хендикеп за неговите избраници.

Ракометарите се подготвени, Охрид како клуб исто така и со нетрпение го очекуваме стартот на сезоната и почетокот на натпреварите. – истакна Стојановиќ.

Ракометните возбудувања „гладијаторите“ ги стартуваат на 11 септември на гостински терен кај тимот на ГолденАрт КЛ7.

OhridNews