Ракометниот клуб Охрид ќе биде еден од четирите носители во ждрепката за четвртфиналните групи во најмасовното клупско натпреварување во нашата земја, Купот на Македонија.
„Гладијаторите“ улогата на носител ја добија за освојување на второто место на табелата во првата етапа од регуларниот дел од Супер лигата. Прв низ целта помина Еурофарм Работник. Носители во ждрепката се уште Металург и Вардар кои не учествуваат во овој дел од Супер лигата.
Позицијата на носител на Охрид ќе му донесе полесен ривал во првата рунда од четвртфиналето, додека во втората рунда ќе мора да се судри со една од екипите од вториот шешир. Таму се наоѓаа Пелистер, Бутел, Струга и Пролет.
Мечевите од 1/4 финалето во Купот на Македонија ќе се играат на 21 и 22 април, а завршниот турнир на средината од месец мај. Охрид два пати беше дел од завршницата во Купот.
OhridNews