Во седмата рунда од Супер лигата охридските ракометари ги очекува гостување во Радовиш кај истоимената екипа. Две сезони двата тима водеа жестока битка во Првата лига каде се сретнаа четири пати, а исходот е изедначен по две победи.

Бодовите од овие дуели секогаш останувале кај домаќинот, покрај што играле неизвесни мечеви до самиот крај. Сезонава охридскиот состав се засили на неколку позиции и сериозно пристапи на предизвиците во Супер лигата.

Охриѓани не знаат за победа на гостински терен сезонава додека сосема друга приказна е на домашен терен каде ги мелат своите предизвици.

Во двете гостувања ракометарите на Охрид играа против квалитетни противници, а дуелот со Радовиш е вистински испит за квалитетот на избраниците од Горан Андоновски.

Досегашни натпревари меѓу Охрид и Радовиш :

Сезона 2011/2012

Радовиш – Охрид 28-24
Охрид – Радовиш 22-21

Сезона 2012/2013

Радовиш – Охрид 25-20
Охрид – Радовиш 31-26

Мх.П.