Ракометарите на Климент Охридски поради немање финансиски средства викендов не отпатуваа на гостувањето во Богданци кај Младост.
Натпреварот според правилата ќе биде регистриран со службен резултат во корист на домаќинот со 10:0.
Од клубот велат дека не се откажуваат од понатамошно натпреварување во Супер лигата и дека ќе ги продолжат натпреварите за што била информирана и Ракометната федерација на Македонија.