Охридските ракометари на гостувањето во Прилеп ги запишаа првите бодови надвор од “охридската тврдина“ победувајќи 31-29. “Гладијаторите“ со двете победи во низа фатија приклучок во горниот дел на табелата.


Со девет бодови од можни петнаесет ракометниот состав на Охрид е на делба на второто место со екипите на Радовиш,  Драчево, Работнички и Ринија. По пет одиграни натпревари лидер на табелата во првата машка ракометна лига е Струга која во петте меча забележа  четири победи.


Во наредната шеста рунда пред домашната публика избраниците на тренерот Горан Андоновски го пречекуваат Младост 09.

Резултати :

Прилеп 2010 – Охрид 2011 29-31
Вардар Полог – Ринија  25-26
Младост 09 – Струга  25-26
Драчево  – Работнички 34-20
Радовиш – Јехона  32-13
Ѓорче Петров  слободен  

Табела :

1.РК Струга 5 4 0 1 140: 126 12 бодови
2. РК Радовиш 4 3 0 1 122: 95 9
3. Драчево 5 3 0 2 139: 123 9
4. РК Риниа М 4 3 0 1 112: 104 9
5. РК Охрид 2011 5 3 0 2 115: 113 9
6. Работнички 4 3 0 1 96: 102 9
7. РК Младост 09 5 2 1 2 124: 124 7
8. Прилеп 2010 5 2 0 3 151: 145 6
9. Вардар Полог 5 1 1 3 111: 118 4
10. ГРК Кавадарци 0 0 0 0 0: 0 0
11. РК Ѓорче Петров 64 4 0 0 4 76: 94 0
12. Јехона 4 0 0 4 87: 129 0

Мх.П.