Ракометарите на Охрид 2011 се вратија на победничките патеки откако со 33-23 славеа над фенерџијата Јехона.


За избраниците на тренерот Горан Андоновски победата во Гостивар е втора на гостински терен, петта сезонава.

Најпрецизен во охридскиот ракометен состав со 11 голови беше Томоски, еден помалку постигна Андоновски, Мирков даде пет, Митрески три и Трифуноски два. По еднаш мрежата на Јехона ја затресија Анѓелкоски и Јованоски.


По двата натпревари во гости “гладијаторите“ во деветтата рунда од шампионатот на домашен терен го пречекуваат Работнички.

Мх.П.