Во кафе барот „Офсајд“ охридските ракометари заедно со тренерот Горан Андоновски низ видео снимка го „скенираа“ составот на Тинекс Пролет.


Скопските ракометари в среда (18ч) во „Билјанини Извори“  ќе ги одмерат силите со охридските во рамките од шестата рунда во Супер лигата.

– Се работи за квалитетна екипа, која негува да игра добар и цврст ракомет. Ние сме во добра серија имаме големи цели сезонава и без разлика на противникот не отстапуваме од нив – рече охридскиот стратег.

Анилизирањето на противникот низ видео снимка е практика на охридскиот состав пред секој натпревар.


– Така можеме најдобро да видиме со која и каква екипа имаме работа. Ги забележуваме нивните добри страни, а исто така ги воочуваме нивните мани и каде се нашите шанси – коментираат ракометарите.


Тинекс Пролет пред гостувањето во Охрид претрпе пораз од Пелистер додека „гладијаторите“ како брз воз поминаа низ Штип победувајќи го Текстилец (30-21).

Мх.П.