В четврток со почеток во 19 часот во третата рунда од плеаут лигата охридските ракометари гостуваат во Радовиш кај истоимената екипа.
Ракометарите на Радовиш се првопласирани на табелата во плејаут лигата додека „гладијаторите“ се наоѓаат едно место подолу. Поради пласманот на табелата средбата во Радовиш ќе го добие епитетот дерби на колото во плејаут лигата.
Опстанок на двете екипи не им е загрозен затоа се очекува да понудат незаборавна ракометна престава.
Мх.П.