Потребно е да се направи јасна динстикција помеѓу религијата и образованието и на младите да им се овозможи да изградат сопствен поглед на светот, беше речено на експертската работилница што викендов се одржа во Охрид, на која беше промовиран норвешкиот модел на европско образование.

Религијата не треба да се наметнува во образовниот смета проф. д-р Владо Тимовски. „Најдобро е да се воведе предмет религија или наука за религиите од кои младите ќе стекнуваат знаења за религиите, додека вероучението и влијанието на религиозната свест на младите треба да остане надвор од уличиштето“, смета Тимовски.


Религијата треба да се одвои од образованието-проф. Томовски

На семинарот на кој учествуваа 40-на професори од охридските училишта беа промовирани стручните книги, „Спектар“ и „Политика и демократија“ кои се наменети за учениците од средните училишта во Македонија. Во нив на еден поинаков, современ начин се тангираат општетсвените случувања, а младите се здобиваат со знаења кои ќе им помогнат независно да го оформат својот став.

Излегувањето на овие две книги го овозможија норвешката фондација Венсдре  и издавачката куќа Феникс.  

Г. Момироски