Невладината организација МОСТ, го објави извештајот за работата на македонскот Собрание, кое за својата работа од граѓаните повторно доби ниска оценка, 2,43. Меѓу народните избраници има и такви кои воопшто не се јавиле за дискусија, како и такви кои едвај по еднаш или два пати се појавиле на работното место.

Охридските пратеници се меѓу најредовните во работата на Прламентот. Петмината охриѓани покрај редовноста ги краси и активно учество на пленарните сесии и во работата на комисиите. Најмладиот меѓу нив, Александар Николовски присуствувал на 65 седници, а отсуствувал оправдано на две. Николовски дискутирал 17 пати, а имал 27 реплики. До сега поднел 8 амандмани и редовно учествувал на седниците на комисиите во кои е член.

Единствената дама меѓу пратениците од Охрид, Анита Кипаризовска Крстеска, присуствувала на 67 седници на парламентот.Кипаризовска Крстеска е меѓу ретките пратеници кои не отствувале ниту еднаш од работата на Собранието. Таа имала две излагања и една реплика а подносител е на 4 амандмани. 


Пратениците од ВМРО ДПМНЕ од Охрид

Пратеникот Владо Стефаноски, кому ова му е прв мандат во републичкото Собрание, присуствувал на 59 седници и исто така без отсуства од работата на Парламентот. Стефаноски на говорницата излегол три пати, а еднаш реплицирал.

И четвртиот пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ од Охрид, Цветко Грозданов, е меѓу најредовните. Тој присуствувал на 67 седници, а не отсуствувал од ниту една. Имал шест излагања, 17 реплики и 2 процедурални забелешки. грозданов е подносител на дури35 амандмани.


Томе Чингоски

Пратеникот од редовите на СДСМ од Охрид Томе Чингоскиприсуствувал на 54 седници, а имал 13 отсуства, од кои едно неоправдано. Чингоски имал 22 излагања и 15 реплики. Тој е еден од поактивнит пратеници во Парламентот и има предложено 2 закони и 71 амандман.

Ohridnews
(извор НВО МОСТ)