Согласно законот Антикорупциската комисија јавно ги објави имотните листови на пратениците, а имотната состојба уредно ја пријавиле сите пратеници од Охрид. Најбогат пратеник е Фијат Цаноски чиј недвижен имот се проценува на над 25 милиони евра.

Пратеникот Никола Рилкоски  пријавил недвижен имот во негова и сопственост на семејството во вкупна вредност од 20.300.000 денари, автомобил „Пежо“-300.000 денари, а заштедил 20.000 евра.

Пратеникот Цветко Грозданов пријавил дека има куќа од 200 метри квадратни во Горна Влашка маала, заеднички имот од 15.000 евра, автомобил Хјундаи Гец и мотор Јамаха.

Пратеничката Лилјана Лалческа има стан од 86 метри квадратни проценет на 40.000 евра, Голф 3-ка-6000 евра, банкарско конто 250.000 денари и друг  личен имот од 300.000 денари.

Нејзината колешка, Мирјана Секулоска е меѓу побогатите пратеници. Пријавила недвижен  имот на брачен другар во Битола и Охрид  вреден 192.000 евра, личен имот вреден 120.000 евра, автомобили опел „вектра„ и „корса“, како и имот на брачен другар од 30.000 евра и личен имот од 600 евра.

Пратеничката Анита Кипаризоска Крстеска  пријавила семејна куѓа вредна 50.000 евра, накит вреден 3000 евра, побарува 1 милион денари по основ на извршена работа, има девизна книшка на 5000 евра, личен имот од 939.000 денари и заеднички имот од 13.150 евра.

Пратеникот Веле Митаноски пријавил заеднички имот деловен пртостор и два семејни стана во вкупна вредност од  90.000 евра, автомобил џип Сузуки Витара вреден 18.000 евра, акции на сопругата, како и девизна заштеда од 10.000 евра и заднички имот од 5000 евра.

ohridnews