Пратениците од Охрид, Томе Чингоски – СДСМ и Владо Стефаноски – ВМРО ДПМНЕ се меѓу најактивните народни избраници.

Чингоски во периодогт јануари – јуни 2009 година поднел 206 амандмани, додека Стефаноски поднел 166 амандмани и предлог закони.  Ниту еден од нивните предлози не бил усвоен од Собранието. Останатите тројца пратеници од Охрид, Александар Николоски, Цветко Грозданов и Анита Кипаризовск – Крестеска, сите од ВМРО ДПМНЕ, не поднеле ниту еден амандман.

Најмногу амандмани – 211 поднела пратеничката на СДСМ Весна Бендевска, а еден помалку нејзиниот партиски колега Јани Макрадули. Следи уште еден пратеник од СДСМ,  Радмила Шеќеринска – Јанковска (203) и.т.н.

Ohridnews