На вчерашната седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Цветко Грозданов посочи дека границата на националниот парк на места поминува низ села , поради што подобро е строго заштитениот дел да се шири нагоре, а не кон езерскиот брег.
Пратеникот на СДСМ, Томе Чингоски, пак, побара побара покрај јавните установи, со националниот парк да располагаат и општините на чија територија тој се протега.
На вчерашната седница, Собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија оцени дека Предлог-законот за прогласување на дел од планината Галичица за национален парк во прва фаза е прифатлив и може да оди на натамошна процедура.
Законот ќе овозможи донесување план за управување и просторен план за Национаолниот парк Галичица.