Во текот на  2006 година, Професиналната противпожарна единица  од Охрид имала 155 интервенци на гасење пожар, 17 технички интервенции при сообраќајни незгоди и спасување на лица. Охридските пожарникари иако имаат полни раце работа, против огнената стихија и натаму се борат со возила кои во добар дел од државите во светот се само музејски експонати.

“Во рамките на законските прописи квантитативно, технички, ППЕ Охрид ги задоволува условите, но ако кажам дека  просечната старост на противпожарните возила во Р. Македонија е 29 години, а во ППЕ Охрид се стари 28,5 години тоа асоцира на потреба од возобновување на возниот парк со опрема, за што сме во контакт со локалната самоуправа“, ни изјави Спасе Прентоски-командир на ТППЕ Охрид.


противпожарните возила во Охрид се стари 28,5 години

Очекуваме да добиеме по пат на  донации едно противпожарно возило, веројатно пред Форумот на НАТО што ќе се одржи кон крајот на јуни во Охрид. Какво возило ќе биде тоа незнаеме. Побарано беше едно противпожарно возило со дополнителна опрема за гасење пожар, а би било најдобро доколку добиеме две возила, вели Прентоски.

Со децентрализацијата ППЕ – Охрид од јули 2005 е под ингеренции на локлната самоуправа. Соработката со градските власти како што вели Прентоски е добра. Тој не знае дали пожарната ќе биде дислоцирана од сегашните простории, бидејќи како што рече за тоа одлучува локалната самоуправа.


зградата на ТППЕ – Охрид

Според него многу поважни е противпарната единица технички и кадровски да се доопреми за да може да одговори на зголемените потреби и предизвиви во летниот период кога популацијата во Охрид се зголемува двојно.

Г. Момироски