Во последното деноноќие има регистрирано 10 пожари на отворено во државава што се пријавени и документирани во ЦУК. Охридските пожарникари интервенирале на еден од нив.

Регионалниот ЦУК Охрид информира дека пожарникарите од ТППЕ Охрид од 10.00 до 12.00 часот со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во село Песочани, Охрид, информираат од Центарот за управување со кризи.

Пожарникарите паралелно со пожарите на отворено гаснеле и пожари во населени места, на територија на целата држава, посочуваат од ЦУК и апелираат да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите.

OhridNews