Со гала коцерт на кој ќе настапат светски познати уметници, во Венеција денеска ќе биде промовиран зборникот „Охридските пораки за мир и соживот“.

Зборникот „Охридските пораки за мир и соживот“ ги содржи искажувањата на учесниците на Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, што се одржа во 2007 година во Охрид. Во него се поместени импресиите од оваа средба и размислувањата за одговорноста на цивилизациите пред идните поколенија. Во рамки на промоцијата беше прикажан и документарниот филм „Посакуван мир“ .


Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог – Охрид 2007

Модератор на настанот ќе биде една од најпознатите италијански актерки, Клаудија Кардинале. Покрај Борис Трајанов, хорот „Св. Злата Мелгенска“, ќе настапат и Мајкл Гудман на виолина, Ксенија Морозова на пијано, познатиот италијански тенор Џанлука Теранова и Ашраф Катеб, виолинист од Сирија.

Ohridnews