Вработени во училиштето, родители, но и граѓани даруваа крв и покажаа вистински пример за хуманост пред големиот број ученици од ОУ Св.Климент Охридски“ кои организирано ја следеа крводарителската акција и се запознаа со “патот и третманот на крвта” додека стигне до болниот.
Токму овие млади луѓе се идните крводарители, хуманисти, кои денес учеа од своите родители, наставници, волонтерите на Црвениот крст и симболично ја допреа хуманоста, за во иднина да бидат имуни на говорот на омразата, насилството и нетолеранцијата, што секојдневно, во оваа наша сурова реалност, ја шират локалните политички чинители, велат од Црвениот крст.
Токму оние кои имаа повод и можност и требаа да ги надминат политичките разлики и суети ги немаше и не беа дел од крводарителската акција на која беа поканети.
– Останува да веруваме дека бранот на хуманоста што од “врвот на Охрид” се рашири насекаде, ќе го препознаат и почувствуваат и нашите политичари, па ќе ги очекуваме да бидат дел од некоја наредна крводарителска акција или слична хуманитарна активност, истакнуваат од Црвениот крст.