Традиционалното чествување на холандскиот писател и новинар А. ден Долард, се одржа денеска во КИЦ „Култура 365“ во Охрид.

Тој е роден на денешен ден пред 115 години во Холандија и во текот на речиси целиот свој живот бил емоционално врзан за Македонија. Автор е на книги и статии во кои ја промовирал Македонија, со посебен нагласок на Охрид којшто е опишан во неговата книга „Свадбата на седумте Цигани“.

Манифестацијата ја организира КИЦ „Култура 365“, а учество зедоа неколкумина охридски поети. Свои стихови рецитираа Маја Мојсова, Љупчо Милковски, Зорица Илијоска, Тоде Илиевски и Зоран Јакимоски. За животот и делото на А. ден Долард зборуваше охридскиот писател и истражувач Мишо Јузмески, автор на две книги за А. ден Долард.

OhridNews