Охридските плажи заслужуваат подобар однос, е пораката што беше упатена од еко хепенингот што во организација на ohridnews се одржа на плажата „Славија Спектар“.
Иако временските услови не беа идеални (капачите беа реткост) голем број граѓани и туристи денешниот ден го искористија за прошетка покрај Охридското Езеро и имаа можност да бидат дел од кампањата за заштита на плажите од загадување.
Деградацијата на охридското крајбрежје е еден од сериозните проблеми на кој постојано укажува и УНЕСКО, а на уништувањето на литоралниот дел алармира и Хидробиолошкиот институт од Охрид. Проектот на ohridnews има за цел да иницира поголема активност како на граѓаните така и на институциите за заштита на крајбрежјето, а во таа насока беа и последните активности спроведени на плажата во Славија.
екипата на ohridnews подели голем број флаери на охридските плажи
Хепенингот беше пренесуван во живо на охридското Супер радио, а водител беше познатиот шоумен Жанко Зш Голабоски кој упати порака за поголема заштита на плажите. Во отворената програма во живо беа вклучувани посетители на плажата кои ја поддржаа кампањата на ohridnews. Потребно е сите повеќе да се да се грижиме за животната средина и да внимаваме каде го одлагаме отпадот, рекоа двајца тетовчани со кои разговараше Жанко.
познатиот водител на Супер радио во разговор со држ. сек. Паноски
Министерството за животна средина и просторно планирање ја поддржува оваа кампања која ја сфаќаме како дел од напорите за заштита на плажите од загадување, истакна државниот министер Дејан Пановски. Со уредувањето на плажите и нивно издавање под концесија се подобри состојбата со крајбрежјето, а ваквите акции се дел од активностите за заштита на животната средина, додаде Паноски.
Покрај еко хепенингот екипата на ohridnews неодамна на десет најфреквентни плажи од Студенчишта до Свети Наум постави информативни табли со едукативна содржина испишани на македонски и англиски јазик. Изработени се и аудио и видео спотови кои можат да се чујат, односно видат на Супер радио и НТВ. Целта на кампањата е да се влијае на свеста на граѓаните да се намали загадувањето на плажите и да се иницира поголема активност на институциите во заштитата на ова природно богатство.
ohridnews