Уредувањето на плажите на охридската ривиера оваа година, според туристичките работници е единствениот вистински добар потег. Но јавноста смета дека плажите можат и треба подобро да бидат уредени.

Ова го мислат и повеќето од над 2 илјади читатели на ohridnews кои одговориле на анкетното прашање „Дали новите плажи во Охрид се добро уредени?“. Точно 1239 читатели сметаат дека плажите можело и подобро да бидат уредени, 681 воопшто не се задоволни од начинот на кој тие се уредени, а  235 сметаат дека охридските плажи се добро уредени.

Најголеми забелешки и домашните и странските гости сепак имаат на хигиената на плажите која е на многу ниско ниво. На плажите недостигаат корпи за ѓубре, сметот  редовно не се подигнува, а кога на сето ова ќе се додадат и лошите навики на граѓаните ефектот е катастрофален. За тоа сведочат и сликите кои наши читатели ги направиле на охридските плажи. Коментар не е потребен но акција се чини е неопходна.


грда слика на охридските плажи

ohridnews