Иако сме на праг на есента, топлото време викендов измами голем број граѓани на охридските плажи. Тие беа полни речиси како во сезона.
Охриѓани и туристите уживаа во септемвриското сонце и се освежуваа во езерските води, а глетката на зајдисонце беше идилична.
Според прогнозата на УХМР во недела претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб умерен јужен ветер, а попладне и кон крајот на денот на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во текот на ноќта, како и во понеделник ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и проследени со грмежи.
Во понеделник ќе има и значителен пад на дневната температура, која ќе се движи од 19 до 24 степени. Во вторник се уште ќе има повремени врнежи од дожд, а потоа ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневните температури.
OhridNews