На 24-те Регионални спортски пензионерски натпревари од ју-гозападниот регион, што се одржаа во Струга, најдобри резултати постигнаа охридските натпреварувачи. Тие станаа севкупен победник со освоени 15 први места, а на второ место е Кичево со освоени четири и Струга со три први места.
Со оваа победа охридските пензионери спортисти се пласираа за Републичките натпревари кои ќе се одржат во почетокот на септември.
На натпреварите учествуваа окоу 300 пензионери од ЗП Кичево, Охрид, Струга, Дебар, Македонски Брод, Вевчани и Лабиништа, кои се натпреваруваа во 11 спортски дисциплини, во екипна и поединечна конкуренција.
Од името на домаќинот спортистите и гостите ги поздрави претседателот на пензионерите на Струга Мирко Трпоски, а за отворени натпреварите ги прогласи претседателот на Собранието на СЗПМ Илија Адамчески. Со пригодни зборови на спортистите им се обрати членот на Советот на општината Охрид, Марија Попоска.
На крајот од натпреварите на сите учесници им беа врачени Благодарници.
OhridNews