Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца ќе настапи на Републичките спортски натпревари на пензионерите на Македонија кои ќе се одржат на Спортскиот центар во Радовиш.
Охридските пензионери со околу 50 спортисти ќе се натпреваруваат во 16 спортски дисциплини во поединечна и екипна конкуренција,кои претходно на регионалните натпревари во Дебар се здобија со право на учество на 21-те републички натпревари.
Пензионерите -спортисти на Охридското здружение, пет години со ред, се републички прваци,а годинава ќе настојуваат по шести пат да го освојат првото место, а со тоа ,по втор пат да го освојат преодниот пехар во трајна сопственост.
На пензионерската републичка спортска олимпијада која ќе се одржи во сабота во Радовиш, ќе земат учество околу 1.200 пензионери –спортисти од 53 здруженија на пензионери од Републикава. Натпреварите за отворени ќе ги прогласи претседателот на СЗПМ Драги Аргироски.
OhridNews