Поради настанатата состојба со корона вирусот, Здружението на пензионери Охрид и Дебрца времено ги одлага сите активности.

Извршниот одбор на ЗП Охрид и Дебрца во проширен состав денска по телефонски пат ја одржа деветтата вонредна седница на која едногласно ги прифати одлуката на Владата на Македонија со мерките и препораките на СЗПМ за доследно почитување за заштита и изолација од корона вируст,ковид 19. –  информира здружението.

Фото – Архива

На седницата извршниот одбор одлучил на неопределено да се одложат фолклорните ревии и спортските натпревари, се додека не се создадат услови за нивно одржување. Со оглед на настанатите состојби со корона ирусот Извршниот одбор донесе едногласно одлука, временски да се одложи и организирањето на еднодневни излети на пензионерите Од истите причини затворен е и Клубот на пензионерите за дневен престој на пензионерите.

Единствено ќе работи само благајната за запишување и уплата на огревно дрво при ЗП Охрид и Дебрца, информира здружението.

OhridNews
Фото: Архива