Дел од учениците од основните училишта во општина Охрид денес ги исчистија училишните дворови од насобраниот отпад, со што се приклучија во националната акција за чистење „Македонија без отпад 2015“ која ја организираше Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата „Ајде Македонија“.

Во училиштето „Григор Прличев“  учениците ги исчистија отпадоците од зелените површини во училишниот двор.

-Училиштето веќе неколку години ја подржува оваа акција и спроведува едукативни предавања за заштита на животната средина од отпадоци и акција за чистење на училишниот двор. Поголемо внимание им се посветува на помалите ученици за да ги усвојат трајно навиките. Со задоволство можеме да констатираме дека учениците во нашето училиште ги имаат стекнато тие навики и отпадот го фрлаат на соодветно место, а тоа може да се забележи и од училишниот двор, информираат од училиштето.

Во оваа еколошка активност се приклучија и дел од учениците на ОУ,,Кочо Рацин” кои спроведоа акција за чистење на отпадот во училишниот двор на централната училишна зграда и подрачното училиште во Долно Лакочереј.

Исто така во рамки на акцијата „Македонија без отпад 2015“, ЈП „Охридски Комуналец“ спроведе расчистување на просторот околу магистралниот пат Охрид-Скопје на потегот од село Подмоље до сообраќајната клучка на влезот во Охрид.

OhridNews