На Републичкиот натпревар по математика што од 4 до 6 мај се одржа во Струмица, охридските основци остварија забележителни резултати, информираат од Здружението на математичари – Охрид.
Во натптреварот на ученици од 6-то одделение Виктор Јорданоски од ОУ “Григор Прличев“, го освои 3-то место, а Викторија Димова од ОУ “Св Климент Охридски“ доби пофалба.
Во натпреварот на седмодделенците, Климент Трајчески од ОУ “Христо Узунов“ го освои првото место, а Јована Трајческа од истото училиште доби пофалба.
Во натптреварот на ученици од 8-мо одделение Антониот Башукоски од ОУ “Братство и Единство“ освои прва награда. Прва награда освои и Дарко Домазетоски од ОУ “Григор Прличев“, додека Милан Поп Стефанија од ОУ “Св Климент Охридски“ доби пофалба.
Учениците, како и Здружението на математичари – Охрид им се заблагодаруваат на сите кои што го помогнаа патувањето и престојот во Струмица.