Денот на Планетата Земја – 22 Април, на пригоден начин, со одржување школски часови посветени на екологијата и заштитата на околината и Планетата, ќе биде одбележан во основните училишта на подрачјето на општина Охрид.

Главниот настан ќе биде во ОУ „Ванчо Николески“ во  Лескоец. На платото пред селската црква која е во близина на училиштето ќе биде изведена  пиесата под наслов „Мајка Природа“. На приредбата пригодно обраќање ќе има  и градоначалникот Александар Петрески.

ohridnews