Две обложувалници  се затворени во петочната акција на Управата за јавни приходи во Охрид. Останатите обложувалници во текот на вчерашниот ден не беа отворени, наводно за да ја избегнат контролата на УЈП.



Затворено од управа за јавни приходи. „Џокер“.

Во акцијата на мобилната полиција затворени се обложувалниците“Хоризонт“ и “Џокер“ заради не поседување лиценца за работа. Инаку според информациите од УЈП проблеми со лиценците имаат и другите обложувалници во Охрид.


Затоа пак редици во „Лотарија на Македонија“

Нестрпливите играчи страста ја задоволуваа во обложувалниците на Лотарија на Македонија, а нешто подоцна од вообичаено, околу пладнето, отворија и обложувалниците кои не беа на удар на УЈП.

Г. М.
С. К.