Обложувалниците во Охрид ги објавија коефициентите за победа на изборот за песна на Евровизија што вечерва започнува во Москва.

На македонските претствници „Некст тајм“, им се даваат минимални шанси. Така според билтенот на обложувалницата „Фаворит“, шансите за триумф на „Некст тајм“ се 1:300. Македонските претставници на Евросонг заедно со колегите од Хрватска, Словачка и Андора имаат најмали шанси за победа. За пласман помеѓу првите три коефицинетот на македонското дуо е 1:60.

За фаворити на Евросонгот 2009 важат претставниците на Норвешка, Грција, БиХ и Турција со коефициент за победа од 2.5 до 6.

Ohridnews