Членовите на Клубот за подводни активности „Охрид“ од Охрид и „PENA Dive Club“ – Македонско-хрватско друштво од Тетово зедоа учество во големата интернационална еко акција за чистење на морското дно околу градот Дубровник во Република Хрватска.
Заедно со колегите нуркачи и волонтери екологисти од повеќе клубови од Хрватска и регионот, тие од морското дно подигнаа неколку тони најразличен цврст отпад, кој ја загадува животната средина.
Ви благодариме што поминавте толкав пат до нас, што сами си ги плативте PCR тестовите, за да учествувате во оваа акција. – напишаа на својата веб страна од нуркачкиот центар „Sea Star Diving“, организатор на акцијата.
Членовите на Клубот за подводни дејности „Охрид“ веќе 31 година се чувари на Охридското Езеро, иницијатори и учесници во голем број еколошки акции во земјата и надвор од неа.
OhridNews